Македонија
13. April 2021 - 19:54

Уште осум години затвор за екс-директорот на УБК Сашо Мијалков

33 години затвор им одреди судот на четворицата обвинети во „Трезор“ кои одговараа за набавката на компјутерски софтвер за потребите на УБК. Поранешниот директор на управата, Сашо Мијалков, е осуден на осум години затвор, по пет добија Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ. Горан Грујевски кој е во бегство беше осуден на затвор од 15 години. Според пресудата, обвинетите имаат обврска да ја надоместат и штетата од околу 860 илјади евра, сума за која судот оценил дека е оштетен државниот буџет.

Пресудата за Трезор, одбраната ја смета за незаконска. Велат, разочарувачки ден за правото и правдата. Немало докази дека обвинетите посредувале во купувањето на компјутерескиот софтвер, тврди одбраната.

По барање на Обвинителството, судот му одреди и притвор на Мијалков. Неговиот адвокат вели дека тоа е кршење на законот бидејќи неговиот клиент веќе имал одредено притвор во друг предмет.

Одбраната најави жалба на пресудата и одлуката за притвор бидејќи како што велат, немало ниту еден релевантен доказ дека обинетите ги злоупотребиле положбата и овластувањата.