Уште на еден новинар ќе му биде судено поради навреда на Ердоган
Главниот уредник на турскиот весникот „Хуриет“, Седат Ергин ќе биде изведен пред суд под обвинение за навреда на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.
Делото против Ергин е покренато врз основа на негови коментари од септември, за изјавите на Ердоган по нападите на курдските бунтовници врз безбедносните сили.
Ергин, ако биде проггласен за виновен, може да биде осуден на пет години затвор.
„Хуриет“ одамна е во спор со турската Влада, а редакцијата годинава беше нападната од толпа приврзаници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
И поранешниот главен уредник на „Заман“, Екрем Думанл исто е обвинет за навреда на претседателот на Турција, но и за дела поврзани со тероризмот.
Ертургул Јозкок, коментатор во „Хуриет“ е обвинет за навреда на Ердоган, додека главниот уредник на „Џумхуриет“ Џан Дјунар и еден новинар на весникот се веќе во затвор под обвинение за шпионажа и помагање на терористичка организација.
Турција на листата за слобода на медиумите на Репортери без граници се наоѓа на 149 место од вкупно 180 земји. Последните години Турција е обвинувана за ограничување на слободата на медиумите, како и дека Ердоган станува се поавторитарен.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО