Македонија
29. August 2019 - 16:16

Уште едно родителско невнимание вчера - татко прегази 3-годишно дете

Синоќа во 19.00 часот било пријавено дека во с.Љубин, скопско, И.В.(42) додека влегувал во неговиот двор со патничко моторно возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, без да забележи, го удрил неговиот тригодишен син.

Повредениот бил однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде биле констатирани тешки телесни повреди.