Балкан
30. March 2020 - 12:11

Уште едно намалување на бројот новозаразени со коронавирусот во Словенија

Словенечките Влада на редовната прес конференција објави дека во државата се потврдени 26 новозаразени со коронавирусот што претставува уште едно дневно намалување.

Со овие 26 нови вкупниот број заразени со коронавирусот во Словенија сега изнесува 756.

Ова претставува уште едно намалување на бројот на новозаразените, бидејќи пред три дена беа пријавени 70 нови случаи, пред два 52 случаи, а вчера 46.

Нови смртни случаи нема.

Во изминатите 24 часа се направени вкупно 569 тестирања. Бројот на хоспитализирани лица поради Ковид-19 е 115, од кои 28 се на одделот за интензивна нега.