Македонија
8. November 2018 - 19:37

Уште една жртва во сообраќајна несреќа на патот кон Охрид

Секојдневно растат црните биланси на патиштата. Причина број еден за несреќите и натаму е возењето со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол,потоа претекнувањето на недозволени места и непочитување на сообраќајната сигнализација велат од СВР Охрид.Вчеравечер на патот Подмоље –Кичево загина 40 годишно лице од Мешеишта додека пред два дена на истиот патен правец во близина на селото Мислешево едно лица го загуби животот а петмина завршија во болница.

Сообраќајната култура останува на ниско ниво и покрај кампањите за безбедност .

Македонските патишта секојдневно го земаат својот данок. Годинава во Охрид случени се околу 200 сообраќајни несреќи во кои имало жртви и стотина повредени лица.