Балкан
14. јуни 2018 - 22:26

Уште една жртва од невремето во Србија: Синиша гром го погодил во срце!?

Синиша Ковачевиќ (60) од село Подгорац кај Бољевац загинал кога во текот на силно невреме, пред два дена, го удрил гром, а како што велат мештаните, право во срце.

Несреќниот човек во моментот на ударот на громот бил на покривот од гаражата на соседот која ја покривал со лим.

-Роднина го викна да го поправат лимот, а потоа почна силен дожд и задувал силен ветер. Почна да грми и светка и незнам зошто не се симнаа од покривот кога го видоа тоа? Велат дека во раката имал парче лим кога го удрил громот! Низ селото се зборуива дека громот го погодил директно во срце, велат  соседите на починатиот Ковачевиќ, кој вчера е погребан на селските гробиште:

-Синиша имаше две возрасни ќерки и живееше со сопругата. Работеше градежништво, во железарата, возеше и трактор... Лекарите брзо дојдоа, но можеа само да констатираат смрт.