Бизнис
9. September 2018 - 16:41

Уште една успешна туристичка сезона за Охрид

И покрај штетите од невремето пред стартот на туристичката сезона Охрид бележи уште едно  успешно лето.Од угостителскиот еснаф на самиот крај на сезоната задоволни  од резултатите и бројот на туристите кои одмараа на брегот на езерото речиси од сите краеви ширум светот ,расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти а во шпицот туристите барале и легло повеќе но  преку поголема координација на сите чинители во туризмот се надеваат следната сезона да биде поуспешна.

Туристичките работници сметаат дека треба да се работи на поквалитетни гости и подобрување на условите за летување.

Од угостителскиот еснаф најавија средба со сите туристички работници на која ќе се согледаат предностите и слабостите за подобрување на понудата во градот.