Македонија
23. August 2019 - 14:10

Уште една улица се затвара поради реконструкција

Ул. 23 октомври , поранешна Владимир Комаров во Аеродром е затворена поради реконструкција. До следниот петок локалните власти ветија дека ќе биде завршена.

Ќе се работи на потегот Железничка до булеварот Јане Сандански во должина од 800метри а тоа ќе чини 9 милиони денари. Булеварот Асном со првата фаза ќе заврши во ноември кога треба почне постапката за изградба на мостот кај Ќерамидница. 

Скопскиот градоначалник ја подготвил информацијата за Трамвајот и денеска ќе ја достави до Влада , од каде чека финансиска помош.

 

Мирјана Давидовска