Уште една трагедија - Почина 13-месечно дете поради компликации од морбили
Министертвото за здравство ја известува јавноста дека вчера (9 февруари 2019) во попладневните часови почина уште едно дете од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести во Скопје.
Станува збор за 13 месечно дете од Свети Николе, кое и предходно имало други здравствени проблеми.
Ова е второ дете кое почина од компликации предизвикани од морбили.
-Министертвото за здравство искрено жали што овие деца се жртви на епидемијата од морбили (мали сипаници), болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен европски квалитет и рок на траење, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата