Македонија
8. September 2017 - 14:33

Уште една трагедија - го пронашол својот татко удавен

На 07.09.2017 година околу 16.50 часот на место викано „Бавчи“, атар на с.Грдовци, кочанско, С.Ј.(42) од Кочани го пронашол својот татко Д.Ј. (70) од Кочани удавен во канал за наводнување.

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Притоа, не биле забележани видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Кочани. Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.