Македонија
22. November 2016 - 16:22

Уште една трагедија: Едно лице загина во сообраќајка на патот Велес - Градско

Едно лице загина изутрината во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Велес- Градско во непосредна близина на село Ногаевци, информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
 
Таа посочи дека во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило марка „Цитроен берлинго“ со скопски регистерски ознаки и влечно возило марка „Сканиа“ со приклучно возило со кумановски регистерски ознаки.
 
Загинатиот (58) бил возач на товарното возило „Цитроен берлинго“, а со повреди се здобило уште едно лице на возраст од 55 години кое било сопатник во товарното возило „Цитроен берлинго“.
 
– Увид на лице место изврши јавен обвинител во содејство со увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, информира Стојковска.