Уште една смрт во затворот на Хашкиот трибунал
Поранешниот генерал на воените сили на Република Српска Здравко Толимир почина синоќа во затворската ќелија во притворската единица на Хашкиот трибунал.
Толимир во април минатата година во Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор поради злосторства врз муслимани од Сребреница, извршени во летото 1995 година.
Толимир за време на војната беше помошник за разузнавачко-безбедносни работи на командантот на силите на РС, Ратко Младиќ.
Толимир во 2012 година е осуден на доживотен затвор поради командна одговорност за жртвите во Сребреница, како и за убивање на клучните лица во бошњачката заедница во Жепа, како поранешен помошник на Младиќ
Тој беше уапсен на 31 мај 2007 година за време на преминувањето на границата меѓу Србија и РС, а во притворот на Хашкиот трибунал е префрлен на 1 јуни 2007 година.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите