Македонија
11. јуни 2019 - 11:11

Уште една несреќа на скопската обиколница, извлечени татко и дете

Два камиони се судрија на скопската обиколница кај Радишани. Според првичните информации, од едниот камион се извлечени татко и дете, а како што дознаваме неофицијално, тие се во стабилна состојба.

Од силината на ударот, предниот дел на товарното возило кое удрило во другиот камион е целосно уништен.

Според изјави на очевидци, едниот камион удрил во задниот дел на друг камион. Засега не се познати причините за несреќата.

Сообраќајот кај клучката Радишани, во правец од Волково кон Смилковци, поради сообраќајката, беше во прекин.