Македонија
21. јуни 2018 - 9:26

Уште една несреќа: Изгоре куќа во пожар во Куманово

Куќа изгоре во пожар кој вчера околу пладне избувнал на ул. „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во 12:20 четворица пожарникари со едно возило по претходно добиена пријава излегле на терен и го изгаснале пожарот, а нивната интервенција траела до 12:55 часот.

Причините за пожарот и материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.