Балкан
20. April 2018 - 8:37

Уште една мистериозна смрт во САД: По Адеа Шабани почина младата Драгана, никој не знае како

Откако како бомба одекна веста за девојката од Скопје, Адеа Шабани, која беше пронајдена мртва во САД, медиумите информираат за уште една мистериозна смрт на девојка од Србија која никој не знае од што починала.

24-годишната Србинка Драгана Шолаја починала пред неколку дена во болница во Флорида, а не се знае од што. Таа била најдена на улица како лежи без свест.

Отишла преку програмата „Ворк енд травел”, а нејзината цимерка се загрижила кога таа не си дошла дома, па пријавила во полиција.

Драгана била најдена како лежи на улица без свест. Починала два часа подоцна, а докторите не можат да ја откријат причината.

Обдукцијата покажала дека не користела ниту алкохол, ниту дрога, иако полицијата се сомневала на тоа.

Случајот се истражува.