Македонија
24. July 2019 - 16:43

Уште една компанија, членка на ССК пријавила дека била цел на рекетирање

Расте бројот на бизнисмени кои пријавуваат дека биле жртва на рекет. Информацијата утрово ја потврди и претседателката на Сојузот на стопански комори која порача дека здружението ќе стори се за да ги заштити своите членови

Премиерот и денеска порача дека Владата силно ќе се бори против сите видови на криминал и корупција без разлика од која страна доаѓаат сторителите. Оној кој го прекршил законот ќе оди во затвор, рече Заев. Демантираше дека разрешувањата на дел од високите партиски функционери чии имиња се поврзуваат со Боки 13 имаат било каква поврзаност со случајот рекет.

За опозицијата нема дилема. Случајот Рекет е директно поврзан со премиерот

По една недела молк, специјалната обвинителка Катица Јанева вчера конечно се појави пред камерите. Демантираше било каква поврзаност со случајот Рекет и со Боки 13 и Зоран Кичеец кои минатата недела беа приведени под сомнение дека рекетирале бизнисмени ветувајќи им дека ќе ги ослободат од обвиненијата на СЈО.