Македонија
19. November 2016 - 10:15

Уште еден земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,  утрово регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Грција.
 
Овој земјотрес се случи во 02 часот и 44 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.0. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во  јужните делови на Македонија со интензитет од III-IVстепени според Европската макросеизмичка скала.