Свет
8. May 2017 - 21:30

Уште еден земјотрес вечерва со јачина од 6,4 степени на Алјаска

Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Андреановски Острови на Алјаска.

Во земјотресот никој не е повреден, а нема и предупредување од цунами.

Земјотресот уследи по неколку потреси утрово, од кои два беа со интензитет од 5,9 и 5,7 степени според Рихтер.

Епицентарот на најновиот земјотрес бил на 30 километри југозападно од вулканот Танага.

Андреанските Острои се дел од Алеутските Острови и се наоѓаат во југозападниот дел на Алјаска.

Во 1957 година истата област беше погодена од земјотрес со интензитет од 8,6 степени според Рихтеровата скала.