Македонија
8. December 2018 - 21:47

Уште еден тон од житијата на светителите во издание на струмичката епархија

Ново капитално издание на струмичката епархија. Со благослов на митрополитот Струмички Наум од печат излезе новиот том од едицијата ,,Житија на Светиите,, . Десетиот том по ред е посветен на месец октомври во кој на 818 страници  се содржани  житијата на светците за овој месец. Од храмот Свети Григори Палама и Свети Димитриј Мироточив во Струмица во чија што реализација е целото издание  велат со ова полека ама сигурно се комплетира целата едиција која ќе содржи 12 тома, по еден за секој месец.

,, Ова издание е од витално значење за македонската држава и за македонската православна црква. Така велам затоа што соседните помесни цркви сите ги имаат издадено житијата, а ние за прв пат во Република Македонија од осамостојувањето ги издаваме житијата на светиите. Тоа е капитално дело..,, вели ОТЕЦ БОРО МИЛЧЕВ  – УРЕДНИК НА ЕДИЦИЈАТА

Издавањето на ова дело исто така е важно бидејќи во него се содржани житијата на голем број македонски светители.

,, Само за пример ќе ви го кажам Свети Ѓорги Кратовски. Ако ги отворите соседните житија на соседните земји ќе видите дека тој е претставен по националност од друга држава. Знамеме дека тој е македонец и затоа нашето житие започнува овој македонски светител роден во македонскиот град Кратово животот го освети на Христа Бога и маченички пострада,, вели ОТЕЦ МИЛЧЕВ

Заедно со десетиот том на едицијата ,,Житија на светиите,, од печат  излезе уште едно издание на струмичката епархија, книгата Христос победува. Се работи за второ издание од оваа книга која се издава по барање на верниците, пред се на верниците од Австралија, Белгија и Германија.