-->
-->
Уште еден тим на Феникс замина на настап во Европската лига
-->
Селекцијата на млади кошаркари родени 2003 година, на екипата на Фенис 2010 од Скопје, отпатува за Пакс, Унгарија, каде ќе настапи на вториот турнир сезонава во Европската младинска лига (EYBL).
Феникосовци кои во септември месец минатата година играа на првиот турнир во својата категорија (У-15), во Пакс ќе имаат тешка задача. По двата порази на турнирот во Чешка, сега оваа екипа ќе мора да оствари четири победи во исто толкуте средби, доколку сака да го повтори минатогодишниот успех, пласман на завршниот плеј-оф турнир во Централната Европска Дивизија.
Во унгарски, Пакс, младите кошаркари на Феникс 2010 за противници ќе ги имаат екипите на Интер, Братислава (Словачка), ЛПС Бихорул Ородеа (Романија),Темперен Пиринто (Финска) и Шолноки Спортцентрум (Унгарија).
Сепак, се нема да зависи само од нив, туку и од чешкиот тим на Пелхмиров, која ја искористи предноста на домашниот терен на турнирот во септември и му го нанесе вториот пораз на составот на Феникс.
Без разлика на предизвикот кој ги очекува овие млади кошаркари кои изминативе три сезони доминираат во својата категорија во Македонија, сигурно ќе сторат се, турнирот во Пакс да го завршат со максимални четири победи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок