-->
-->
Уште еден случај: Дадилка снимена како злоупотребува болна старица
-->
Аргентинката Миријам Марино ангажирала дадилка која требала да се грижи за нејзината стара мајка (94), додека таа не е дома. Но, наместо тоа, дадилката буквално ја злоупотребувала жената која боледувала од Алцхајмерова болест.
Ќерката за ова дознала од својот сосед, кој претходно слушнал врева која доаѓала од нивната куќа.
Затоа, Миријам се одлучила да инсталира камери низ целиот стан, за да биде сигурна во она што и го кажуваат соседите.
Кога ги погледнала снимките, останала во шок. Дадилката на нејзината болна мајка ја удирала и влечела за коса.
Потоа, Миријам пријавила во полиција, а видео снимката од злоупотребата ја објавила на социјалните мрежи за да ги предупреди другите луѓе, пренесува „Metro“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата