Свет
1. December 2017 - 11:11

Уште еден силен земјотрес во Иран, 42 лица повредени

Најмалку 42 лица се повредени во силниот земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтеровата скала, кој го погоди југоисточниот дел на Иран.

Повеќето се повредени во моментите кога побрзале во засолништата.  Иранската државна телевизија соопшти дека во земјотресот се уништени и неколку куќи.

Епицентарот на земјотресот бил 58 километри североисточно од градот Керман, а на длабочина од 10 километри. 

Минатиот месец, во земјотрес со интзитет од 7,3 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди западниот дел на Иран, загинаа 530 лица, а над 9.000 беа повредени.