Свет
23. September 2017 - 17:01

Уште еден разорен земјотрес го потресе Мексико

Потресот бил на длабочина од 74 километри под океанското дно, со епицентар на 48 километри југозападно од мексиканскиот град Паредон,

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистиран денеска во Тихиот Океан во близина на мексиканскиот брег.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, потресот бил на длабочина од 74 километри под океанското дно, со епицентар на 48 километри југозападно од мексиканскиот град Паредон.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.

Централниот дел на Мексико во вторникот го погоди земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала, при кој, според последните податоци загинаа 272 лица.