Ракомет
6. November 2020 - 11:26

Уште еден позитивен во ракометната селекција

Според информациите од националниот ракометен тим кој денеска патува за Швајцарија во Стручниот штаб има уште еден позитивен кој останува во Скопје додека останатиот дел од експедицијата продолжува за Шафхаузен каде утре во 18.30ч го игра натпреварот со домашната селекција.
Да потсетиме Македонија со убедлива победа над Финска ги започна квалификациите за ЕП 2022г а во групата покрај Македонија, Финска и Швајцарија е и фаворитот Данска.