Македонија
29. November 2017 - 17:23

Уште еден обвинет во случајот на СЈО „Општина Центар“ призна вина, Апелација ги прифати бомбите во „Тортура“

Уште еден од 14-мината обвинети за случајот „Насилство во општина Центар“ призна вина.

Јордан Ристески денеска на почетокот од главната расправа изјави дека се кае за стореното и додаде дека е виновен за делото кое му се товари. Тој не сакаше да го коментира признанието.

Ристески е втор кој призна вина во овој случај. Пресудата за него, судот ќе ја објави утре.

Од СЈО велат дека се очекува осудителна пресуда за овој обвинет и за сите останати во овој предмет.

Инаку главната распарава за случајот Насилство во Центар денеска се одложи поради отсуство на еден од бранителите.

Првообвинетиот Никола Груевски, повтори дека не чувствува вина за делото за кое му се суди. Обвини дека судот постапува селективно во одделни случаи.

Инаку уште еден предмет кој го води СЈО ќе влезе во судска процедура. Советот за утврдување обвинителни акти го прифати обвинението на СЈО за предметот ТЕНК.

Претходно Апелацискиот суд одлучи прислушуваните разговори за овој предмет да бидат доказ во судењето.

Случајот тенк се однесува на екс министерката за внатрешни работи и началникот за јавни набавки а се обвинети за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузно возило.. 

https://