Фудбал
3. јуни 2017 - 16:49

Уште еден младински репрезентативец во Вардар

Актуелниот шампион на Македонија во фудбал, Вардар, објави дека Висар Муслиу (22) од наредната сезона ќе игра во „црвено-црниот“ дрес, односно дека нов договор потпишал голманот Филип Гачевски.
 
Муслиу во Вардар дојде од Ренова, а со актуелниот шампион потпиша тригодишен договор. „Многу сум среќен што ќе бидам дел од Вардар.
 
„ Дојдов тука да освојувам титули и да играм во Лигата на шампионите. Јас ќе дадам се од себе да се наметнам, да ја оправдам довербата на стручниот штаб и на раководството на клубот. Се надевам дека со добри игри ќе придонесам тимот да освојува уште шампионски и Куп пехари, и да бележи успеси во Европа“, изјавил Муслиу за клупската интернет страница.
 
Инаку, Висар Муслиу ќе биде дел од селекцијата до 21 година која овој месец ќе настапи на Европското првенство во Полска.