Loading Video...
Ракомет
13. јуни 2020 - 16:27

Уште еден Хрват доаѓа во Вардар

Колонијата на хрватски ракометари во Македонија се зголемува, а новото засилување на Хрватска е во редовите на Вардар.
 
По веќе „старо-седелецот“ Иван Чукиќ, сеуште актуелниот европски шампион Вардар се засили со уште двајца хрватски ракометари, а и двајцата доаѓаат од редовите на хрватскиот првак ППД Загреб.
 
Откако Анте Гаџа потврди дека добил дозвола од Загреб да премине во тимот на Вардар, денеска од „Јане Сандански“ и информацијата дека Јосип Векиќ е новото засилување на црвено-црните. 
 
Станува збор за ракометар кој игра на позиција десен бек, а кој треба да биде замена за Летонецот, Данис Кристопанс. 
 
Векиќ кој е висок 210.цм беше на поширокиот список на Лино Червар во репрезентацијата на Хрватска, но сепак остана без настап на Европскиот шампионат што се одржа во јануари месец. 
 
Воедно од таборот на Вардар стигна и потврдата дека францускиот 25-годишен голман Робин Кантегрел ќе биде дел од голманското три на црвено-црните, каде покрај искусниот Борко Ристовски е и младиот македонски репрезентативец Марко Кизиќ кој денеска и официјално го продолжи својот договор.