Македонија
29. May 2020 - 16:43

Уште две вработени во градинки позитивни на Ковид-19

Уште 2 вработени во градинки во Скопје и Куманово се позитивни на Ковид-19. Досега преку организираниот скрининг откриени се 4 асимптоматски случаи на коронавирус меѓу воспитувачки и негувателки и 1 во дом за стари лица. Министерот за здравство потенцираше дека со отворањето на градинките нема да брзале.

-Планот е веќе утврден со Министерството за труд и социјална политика и веќе почнаа да се отвараат уписите за тие деца чии родители навистина нема каде да ги носат, а тоа оди паралелно со оној процес кога градинките ќе бидат отворени на вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Пред 3 дена претседателот на Комисијата за заразни болести изјави дека планот е градинките да почнат со работа на 15 јуни. Се додека не бидат отворени установите за згрижување на деца ќе важат мерките за продолжено породилно и ослободување од работни обврски на еден родител на дете до 10 годишна возраст.