Loading Video...
Ракомет
22. January 2019 - 13:47

Уште две празни места за полуфиналето на СП

На Светското ракометно првенство денеска е слободен дел, а утре ќе бидат познати уште две селекции кои ќе разигруваат за медал 
 
Ко-домаќинот Германија и светскиот првак Франција се двете селекции кои веќе обезбедија пласман во полуфиналето на ракометниот Мундијал. 
 
Германците во трилер мечот во кој главна улога имаа данските судии ја победија Хрватска со 22-21 со што и завршија работа и на Франција за место меѓу четирите најдобри. Така утрешните дуели од М1 групата само ќе решаваат за местата преку кои ќе се брка пласман на олимпијадата во Токио догодина. 
 
Затоа пак во М2 групата, дуелите меѓу Данска и Шведска односно Норвешка и Унгарија ќе го даде одговорот на другите две селекции полуфиналисти. 
 
Данците иако досега имаат максимален учинок односно седум победи во исто толку одиграни средби сепак, сеуште го немаат обезбедено своето место во полуфиналето. Имено. Доколку Данска загуби од Шведска, а Норвешка ја победи Унгарија, трите скандинавски земји ќе имаат ист број на бодови, па меѓусебните дуели и гол разликата