Македонија
29. July 2020 - 11:51

Уште две нови лица позитивни на коронавирус денеска во Тиквешко, вкупно четири

Уште две нови лица позитивни на коронавирус се евидентирани денеска во Тиквешко, вкупно четири од изутринава. Информацијата ја соопшти доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Станува збор за 61-годишна жена од Неготино, хоспитализирана во ГОБ „8 Септември“ во Скопје и 25-годишна кавадарчанка.