Македонија
7. December 2019 - 17:03

Уште две бебиња со срцеви маани неделава успешно оперирани во клиничката болница Аџибадем Систина

За десет дена 4 деца со сериозни срцеви маани успешно оперирани во Клиничката болница Аџибадем Систина. Последните две интервенции се извршени неделава кај двомесечно бебе и едно ипол годишно дете. Малите пациенти успешно закрепнуваат соопштија од болницата. Операциите се покриени од Фондот за здравство. За време на интервенциите македонскиот тим имал подршка од врвни професионалци од Истанбул. Потребата за отворање на оддел за детска кардиохирургија во болницата во Скопје произлегла од големиот број на пациенти од Балканот кои доаѓале во Турција.

- Нашата цел е Аџибадем Систина да биде регионален центар, изјави проф.д-р Тајар Сариоглу од  болницата „Аџибадем Бакаркој“ од Истанбул.

Според професорот Сариоглу детската кардиохирургија е многу специфична.

- Детската кардиохиргија е многу специфична гранка. Разликата меѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохиругија, додаде д-р Сариоглу.

На македонските лекари и сестри на располагање им се десеттина колеги од болниците на Аџибадем со над 20-годишно работно искуство и повеќе од 15.000 операции.

- Бебињата со срцеви маани од Македонија наместо да доаѓаат во Турција, кардиохирурзи од Истанбул доаѓаат и помагаат при операциите во болницата во Скопје.