Македонија
24. December 2020 - 13:03

Уште двајца здравствени работници од Кавадарци позитивни на Ковид-19

Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на вирусот Ковид-19, еден позитивен кавадарчанец на 56 години починал на клиника во Скопје, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во изминатите 24 часа во Тиквешко се евидентирани нови 45 лица со коронавирус. Во Кавадарци 29, а две во Росоман, 14 во Неготино. Сите се на возраст од 13 до 77 години. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.