Македонија
29. July 2015 - 9:59

Уште два продолжени викенди следниот многу скоро - кога ќе уживаме?

 
Денот на Републиката, 2 Aвгуст, односно 3 август понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија соопшти Министерството за труд и социјална политика.
 
Втори август - „Илинден“ е неработен согласно со Законот за празниците на Република Македонија.
 
Од Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честитаат Денот на Републиката.
 
Ова се сите неработни денови до крајот на годината: 
 
•28 август Голема Богородица
 
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
 
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
 
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
 
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”