Македонија
14. January 2016 - 19:51

Уште два ипол месеци за легализација на дивоградби, голем број граѓани се уште не поднеле елаборат

Уште два и пол месеци им остануваат на граѓаните да поднесат барање за легализација на дивоградбите. Државата во декември уште еднаш го пролонгираше рокот за оние кои не ја исполниле обврската, потсети министерот за транспорт Мисајловски. Апелираше заинтересираните да побрзаат и да поднесат барање, со тоа што за новоподнесените  елаборатот ќе може да се достави до крајот на годината.

Мисајловски посочи дека процесот на легализација се одвива добро. Досега се легализирани над 140 000 објекти. Илинден, е една од водечките општини во земјава по бројот на легализирани дивоградби.

Во неколку наврати пред да се донесе новиот рок, надлежните информираа дека вкупно се доставени 360 000 барања за легализација на дивоградбите. За околу 170 000 од нив не се доставени елаборати. Со оглед на тоа дека само 150 геодетски бироа ги работат , им се дава и поголем простор на  геодетите за изработка.