Уште два дена кампања, партиите и денеска пред граѓаните ќе ги претстават своите програми
Предизборната кампања завршува утре во 24 часот кога и официјално почнува предизборниот молк. Уште денеска и утре политичките партии и коалициите учесници во предвремените парламентарни избори ќе имаат средби со граѓаните, на кои им ги презентираат своите изборни програми со кои сакаат да ја добијат нивната доверба на 15 јули. Сите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, развој на економијста, подобар животен страндард за сите.
Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општина Кавадарци и општина Јегуновце, а пак претставници на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.
Според, најавите Демократскиот сојуз ќе го одржи VI-иот Конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на Демократскиот сојуз во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности , а во Охрид Граѓанско демократската унија – ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото“.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на предизборниот собир на коалицијата „Можеме“ во Скопје порача дека нудат прав пат за државата, кој, како што потенцира значи ЕУ и НАТО, значи грижа за сите, значи заштита од КОВИД – 19, економски раст и повеќе пари за секој.
Синоќа од Тетово лидерот на ДУИ Али Ахмети порача дека како партија и помогнале на државата да тргне по прав пат и оти сега отвораат нови поглавја.
-Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но, јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари“ многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива чии претставници синоќа под мотото „Сега е времето“ одржаа средба со граѓани во Гостивар од каде испратија покара дека ќе се залагаат за едно општетсво за сите и еднакви права и можности за сите.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија