Бизнис
7. December 2015 - 19:44

Уште 20 милиони евра поволни кредити за компаниите

Компаниите имаат на располагање нови 20 милиони евра евтини кредити преку Македонската банка за поддршка и развој. Од Европската инвестициска банка до крајот на годината се очекува да бидат повлечени нови средства од 4 та транша вредна 100 милиони евра. До сега , искористени се 82 милиони евра, со кое се финансирани речиси  440  проекти. Во МБПР веќе се пристигнати 100 нови барања кои треба да се процесуираат  до крајот на овој месец. Овие пари се наменети  за подобрување на ликвидноста на фирмите, но придонесуваат и за отворање нови работни места.

Од 4 траншта Овие евтини финансиски инструменти се од извонредно големо значење за поддршка на домашните компании имајќи предвид дека токму домашните компании најголем дел од своите средства кои што им се потребни за инвестиции, за обрт за развој, ги користат од рамките на овој проект. За нас е особено битно затоа што со оваа поддршка која им се овозможува на домашните компании досега се отворени над 6600 нови работни места што е битно за подигнување на стапката за вработеност во нашата земја, но секако е битна и за компаниите кои овозможуваат и обезбедуваат раст и развој, рече портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Инаку, со оваа транша до сега Европската инвестицика банка има одобрено 350 ,милиони евра. Првата транша, вредна 100 милиони евра беше одобрена крајот на 2009 та и искорестина во целост наредната година. Веднаш потоа беа одобрени уште 50 милиони евра, кои фирмите ги повлекоа  за помалку од 5 месеци. Во 2013 та одобрени беа нови 100 милиони евра и крајот на 2014 та уште 100. Станува збор за кредити со фиксна  камата од 5,5%,  рок на враќање од 8 години и 2 години грејс период.  Компаниите за овие пари аплицираат преку деловните банки, а средставата се пласираат преку Македонската банка  за поддршка и развој.