Македонија
15. February 2016 - 17:17

Ушковски: СЈО изврши влијание врз судството

СЈО ја наруши  презумцијата на невиност и директно се обиде да влијае врз независноста на судството. Претседателот на судскиот совет Ушковски го обвини специјалното обвинителство дека деновиве со своите спектакуларни изјави извршило  директни влијанија во постапката. Давајќи опис на делото, посочувајќи ги функциите на лицата,  обвинителството на Катица Јанева ја нарушило независноста на третата власт  во целина и е направена најголемата повреда презумција на невиност на судиите споменати од одреден суд. 

И според претседателот на Управен Суд, изјавите на специјалното обвинителство на Катица Јанева се директен упад врз независноста. Ајдини потенцираше дека Управниот суд нема да попушти  на притисоците.

ВО врска со последните инсинуации кои се наметнуваатѕ на судството како формирање на специјални судови, Ушковски нагласи дека Уставот е сосема јасен и децидно забранува вондредни судови. Во таа смисла според него, ниту во Уставот ниту во законот на некого му се дава право да гради некоја перцепција и да посочува специјални судови. На тркалезната маса за улогата на судскиот совет и највисоките судови во заштита на независноста и можните влијанија присуствуваа голем број судии од Македонија. Фелата разговараше и за клучната улога на МЕРИТ  системот во изборот на судии.