Спорт плус
14. November 2020 - 9:18

Усеин Болт: Сега Роналдо е побрз од мене, тој е супер-спортист

Осумкратниот олимписки шампион во спринтерските трки, Усеин Болт одговори на прашањето на шпански новинар: „Кој би победил на трката доколку се одржи сега – Болт или напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо?

-Ќе победи Кристијано, велам со сигурност. Затоа што тој сè уште работи со полн капацитет. Го сметам за супер-спортист, тој е секогаш на врвот. Работи напорно секој ден, секогаш фокусиран. Мислам дека сега е побрз од мене, рече Болт.

Пред три години, атлетичарот од Јамајка имаше неуспешен обид да започна професионална фудбалска кариера.