УСАИД ќе додели награди за младинско учество
Во Сули ан во скопската чаршија денеска ќе бидат доделени награди за младинско учество на Проектот на УСАИД за граѓанско учество – петгодишна иницијатива во износ од 9,4 милиони долари.
Целта на Проектот на УСАИД за граѓанско учество е да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобрат јавните услуги, да се промовира доброто владеење и да се придонесе кон подигање на стандардот на живеење на македонските граѓани.
Овој проект на УСАИД го спроведува Ист вест менаџмент институт, во партнерство со четири локални граѓански организации. Настанот е организиран во соработка со Националниот младински совет на Македонија.
На доделувањето на наградите ќе се обратат Гречен Биркл, претставник на Мисијата на УСАИД во земјава, и Мартин Милошевски, програмски менаџер на Проектот на УСАИД за граѓанско учество од Националниот младински совет на Македонија.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи