Македонија
11. јуни 2019 - 8:26

УСАИД ќе додели награди за младинско учество

 Во Сули ан во скопската чаршија денеска ќе бидат доделени награди за младинско учество на Проектот на УСАИД за граѓанско учество – петгодишна иницијатива во износ од 9,4 милиони долари.

Целта на  Проектот на УСАИД за граѓанско учество е да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за да се унапредат јавните политики, да се подобрат јавните услуги, да се промовира доброто владеење и да се придонесе кон подигање на стандардот на живеење на македонските граѓани.

Овој проект на  УСАИД го спроведува Ист вест менаџмент институт, во партнерство со четири локални граѓански организации. Настанот е организиран во соработка со Националниот младински совет на Македонија.

На доделувањето на наградите ќе се обратат Гречен Биркл, претставник на Мисијата на УСАИД во земјава, и Мартин Милошевски, програмски менаџер на Проектот на УСАИД за граѓанско учество од Националниот младински совет на Македонија.