Тенис
8. September 2017 - 7:24

УС Опен: Прво Грен слем финале за Стивенс и Кејс

По американското полуфинале на УС Опен победи постигнаа Слоан Стивенс и Медисон Кејс. За двете тенисерки ова е најголем успех на Грен слем турнир - самиот пласман во финалниот меч. 
 
Поголема борба имаше во полуфиналето меѓу Стивенс и Венус Вилијамс, кое заврши со резултат 2-1 за Стивенс (6:1; 0:6 и 7:5 во гемови).
Кејс беше убедлива во мечот против Коко Вандервеге и ја победи со 2-0 во сетови препуштајќи и само три гема (6:1 и 6:2).
 
Женското финале се игра во сабота, додека вечерва на програма се машките полуфинални мечеви: Кевин Андерсон - Пабло Карено Буста и Рафаел Надал - Хуан Мартин Дел Потро.