Тенис
4. September 2018 - 19:39

УС Опен: Милман го изненади Федерер

Австралиецот Џон Милман го направи едно од најголемите изненадувања на УС Опен, откако во четири сета со 3-1 го елиминира еден од фаворитите  Роже  Федерер.

                Федерер  одлично го одигра првиот сет кој го доби со 6-3 но очигледно дека далеку помладиот Милман  знаеше да ја искористи својата физичка сила  и тоа го потврди во следните три сета кои ги освои во тај-брејкот.

        Со ова изненадување  Милман обезбеди полуфинале со Новак Ѓоковиќ кој во три сета беше подобар од Жоао Силва

          На женскиот турнир  шпанската тенисерка Суарез Наваро  славеше со 2-0  против Марија Шарапова и се пласира во четвртфиналето каде ќе игра против Медисон Кијс од САД.