Тенис
31. August 2016 - 9:48

УС Опен: Мареј сигурен на стартот, елиминиран Гофан

Лигата на шампионите(ЛШ) од сезоната 2018/2019 нема да се игра во терминот во кој се игра со години – од 20:45 часот.
 
Имено, УЕФА сака да заработи дополнителни пари од телевизиските права, а тоа ќе го стори така што натпреварите ќе ги подели во два термина – 19 и 21 часот, како што е случајот во Европската лига, тврди германски Bild, повикувајќи се на извори во европската фудбалска организација.
 
УЕФА засега не ја потврди оваа промена, но не ја ни демантираше, туку само порача дека тоа ќе биде тема на еден од следните состаноци на Извршниот комитет.
 
УЕФА во петокот ги претстави реформите во ЛШ со кои го прифати компромисното решение со најбогатите европски клубови за да спречи нивно здружување во нова европска суперлига.
 
Реал Мадрид, Барселона, Баерн, Јувентус, Челзи, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и ПСЖ се главните заговорници на иницијативата за Суперлига која би броела 16 или 24 клубови. Јасно е дека во таа лига би се слеале сите пари од маркетингот и тв правата кои досега ги собираше УЕФА. Заради тоа, Европската федерација и „богаташите“ постигнаа компромис околу новата реформирана ЛШ.
 
Така четирите водечки европски лиги, шпанската, германската, англиската и италијанската, ќе имаат загарантирани четири места во групната фаза на натпреварите во ЛШ од сезоната 2018/19.