Тенис
29. August 2018 - 10:19

УС Опен: Лесна победа на Федерер

Роџер Федерер лесно избор пласман во второто коло на Отвореното првенство на САД во тенис (Флешинг Медоуз). Федерер во првата рунда во три сета го победи Јапонецот Јошихито Нишиока.

Швајцарецот експресно ги доби првите два сета, во кои по два пати правеше брејк со идентични 6:2. Нишиока дури во третиот сет успеа да го подигне нивото на својата игра, но тоа му беше доволно овој период да го загуби со 6:4.

Федерер никогаш не бил поразен на стартот на Флешинг Медоуз. Ривал во второто коло ќе му биде Беноа Пер.