Тенис
24. August 2016 - 21:12

УС опен (квалификации): Ѓорческа елиминирана од Белис

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (222.место на ВТА листа) е елиминирана на стартот од Грен слем турнирот УС Опен. Таа вечерва загуби од Американката Катерине Белис (158.место ВТА листа) со 2:0 во сетови. 
Првиот сет Белис го доби со максимални 6:0 во гемови за 18 минути, додека во вториот сет беше 6:2 во гемови за 30 минути.
Ѓорческа имаше слаб процент на освоени поени на втор сервис (24 отсто), а имаше еден брејк за разлика од Белис која шест брејка во мечот. За нашата тенисерка ова беше првиот настап на Грен слем турнир. За учеството Ѓорческа ќе добие 2 ВТА поена.