Тенис
5. September 2017 - 8:16

УС Опен: Дел Потро со пресврт против Тием, закажа 1/4 финале со Федерер

Шампионот на УС Опен од 2009 година Хуан Мартин Дел Потро успеа да се пласира во четвртфиналето на годинашниов Грен слем откако по голема борба го совлада Доминик Тием со 3-2 во сетови иако противникот водеше со 2-0. Првите два сета ги доби Тием со 6:1 и 6:2, а во следните подобар беше Дел Потро со 6:1, 7:6 (7:1) и 6:4. Во следното коло Дел Потро ќе игра против Федерер.

 
Резултати на синоќа одиграните мечеви кај мажите:
Дел Потро - Тием 3-2 
Федерер - Колшрајбер 3-0
Надал - Долгополов 3-0
Рублев - Гофин 3-0
 
Резултати на синоќа одиграните дуели во женска конкуренција:
Ка.Плишкова - Брејди 2-0,
Вандервеге - Сафараова 2-0,
Кејс - Свитолина 2-1
Канепи - Касаткина 2-0.
 
Во четвртфиналето двојките се:
Надал - Рублев,
Федерер - Дел Потро,
Квери - Андерсон и
Буста - Шварцман (кај мажите)
Ка.Плишкова - Вандервеге,
Кејс - Канепи,
В.Вилијамс - Квитова и
Стефанс - Севатсова (кај жените).