Тенис
3. September 2015 - 8:35

УС Опен: Без изненадувања на третиот ден

Третиот ден на УС Опен ги донесе и првите мечеви од втората рунда на турнирот. Кај мажите дуелите минаа без изненадувања и пласман во третото коло обезбедија од носителите: Ѓоковиќ, Сепи, Баутиста Агут, Гофин, Раониќ, Лопез, Фоњини, Надал, Робредо, Цонга, Шарди и Ферер. Единствено загуби Григор Димитров од Бугарија кој беше совладан од Михаил Кукушкин.

Кај жените фаворитките минаа уште една рунда, па вистинската борба може да се очекува веќе во следната рунда.
Денеска на програмата се дули по кои ќе биде комплетирано второто коло.