Тенис
6. September 2019 - 11:10

УС Опен: 19-годишната Андреску избори финале

Деветнаесетгодишната канадска тинејџерска сензација Бјанка Андреску ќе игра во финалето на ОП на САД откако славеше во полуфиналето против Швајцарката Белинда Бенчиќ со 2-0 во сетови.
Тенисерката која минатата година не беше ни во 200 најдобри тенисерки во светот во финалето во сабота од 22ч ќе игра против Серена Вилијамс.