Уругвајски ученик заработил 10.000 долари откривајќи пропуст на Гугл
Уругвајскиот ученик Езакиел Переира благодарение на Гугл за само некоку часа заработи 10.000 долари.
Переира успеал да ги заработи парите откако открил пропуст во серверите на Гугл, преку кој бил можен пристап до приватните податоци на корисниците.
Како што објасни Переира на својот блог, „на 11 јули му било здодевно, па решил да пронајде некој баг на Гугл“.
- Чепкав нешто по сајтот и наидов на зборот „Гугл конфиденшанл“ („Гугл доверливо“), Веднаш ја пријавив грешката и за само неколку часа добив одговор, напиша Переира.
По неколку недели повторно го контактирале од Гугл и го информирале дека поради откриената грешка заработил 10.000 долари.
Переира, кој оваа година завшил средно училиште, на својот блог тврди дека досега со слични „откритија“ на пропости во интернет системите заработил 16.000 долари.
Ново на Сител
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник