Урсула фон дер Лајен: Можно е да добиеме вакцина против Ковид-19 пред есен
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ЕУ секојдневно работи на сите полиња заради запирање на пандемијата на Ковид-19, вклучително и поддршка за истражување и производство на вакцини.
Таа изјави дека ЕУ обезбедила до 80 милиони евра за да помогне на европска фирма за иновациски истражувања, која работи на нова технологија за производство на вакцини против Ковид-19.
– Се надевам дека со оваа поддршка ќе можеме на пазарот да ја имаме вакцината уште пред есента, што ќе овозможи да се спасат животи во Европа и во остатокот од светот, рече Фон дер Лајен.
Во видео обраќањето што го сподели на својот профил на Твитер, претседателката на ЕК ја истакна важноста за набавка на заштитна медицинска опрема и дистрибуирање, пред сè на медицински персонал, полиција и граничари.
– Низ цела Европа има голема потреба од маски, заштитни одела и друга опрема за заштита од вируси. Ние соработуваме со индустријата за произведство на заштитна опрема и соработуваме со националните влади за да ја купиме оваа опрема заедно, рече фон дер Лајен.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата